Федерер казнет со 3.000 долари поради пцуење на Австралија опен

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Швајцарецот Роже Федерер, доби парична казна од 3.000 долари поради пцуење на судија.

Дваесеткратниот грен слем шампион казната ја доби за вулгарните зборови упатени кон еден од линиските судии во вчерашното четвртфинале на Австралија опен против Тенис Сандгрен.

Федерер на крајот го доби мечот спасувајќи седум меч топки и се пласираше во полуфиналето.

Според Светската тениска асоцијација (ИТФ), ова е само втора казна што Швајцарецот ја доби на грен слемовите. Првиот беше за финалето на САД Опен во 2009 година, исто така поради вулгарниот речник кој го применуваше.