Федерер избори финале во Штутгарт и се врати на врвот на АТП-листата!

Роџер Федерер се пласираше во финалето на турнирот во Штутгарт и со тоа се врати на првото место на АТП-листата.

Швајцарецот воопшто немаше лесна работа, па мораше да одигра три сета и да направи пресврт од 6-7, 6-2 и 7-6 против расположениот Ник Кирјос.

Федерер во првиот сет имаше две брејк топки, но Кирјос не му дозволи да ги реализира, па го реши тај-брејкот во своја корист и го победи Швајцарецот со 7-2.

Швајцарецот во вториот сет беше доминантен, направи два брејка и не му дозволи на Австралијанецот да му се приближи.

Најголемата борба ја видовме во последниот сет. Кирјос во шестиот гем имаше брејк-топка и шанса да поведе со 4-2, но не ја искористи. А, во тај-брејкот овојпат беше поуспешен Федерер со 7-5 и така се пласираше во финалето, кадешто за титулата ќе се бори против Милош Раониќ.

Федерер со пласманот во финалето си обезбеди ново враќање на првото место на АТП-листата од понеделник.