Федерер искрен: Не можам да спијам ако ја нема Мирка во кревет...

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер откри зошто на турнирите ја води сопругата Мирка, па дури и кога настапува во најдалечните држави.

Федерер води семеен живот без никакви скандали, а кога не е на теренот, тогаш секој момент го поминува со сопругата Мирка, со која се запознал при играње на тенис.

Неколку пати кажа дека Мирка го разбира, па за него не постои ниту една друга жена, а тоа го потврди сега и за „Сандеј тајмс“.

„Одбивам да спијам во кревет ако мојата сопруга не е таму. Секогаш сакавме деца, но мојот сон беше да бидам со неа, а не да спијам во друга соба или на друг спрат“, кажа Федерер.