Федерер и Надал рутински се пласираа во четвртфинале на Индијан Велс

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал синоќа рутински и без многу проблеми се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Индијан Велс.

Федерер играше против Кајл Едмунд од Англија, кој успеа да го победи со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-4, а во следното коло ќе игра против 67. тенисер во светот, Хуберт Хурказ.

Надал беше подобар од Србинот Филип Крајиновиќ со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4, па во следното коло го чека за нијанса подобар противник, односно Карен Качанов.

Во четвртфинале се пласираа уште и Милош Раониќ, Доминик Тим и Гаел Монфилс.