Федерер го реши Гофан и стигна до десеттиот трофеј во Хале

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер стигна до јубилејниот десетти трофеј во германски Хале, откако славеше против Давид Гофан со 7-6 и 6-1.

Федерер имаше потешкотии во првиот сет, во кој не беше направен ниту еден брејк, но во тај-брејкот го скрши отпорот на противникот.

Во вториот сет тргна со брејк, а во петтиот гем стигна до уште еден брејк, па со 6-1 го реши прашањето за победникот.

Ова беше 13. финале за швајцарскиот тенисер во Хале, односно десетта титула.