Федерер го оправда прекарот: Експресно го реши Крајновиќ

На најдобриот тенисер на денешницата Роџер Федерер му требаше само еден час да го елиминира Филип Крајновиќ од Индијан Велс. 

„Федекс“ славеше против Србинот со 6-2 и 6-1 и воопшто не му дозволи на противникот барем да се понадева на добар резултат.

Во следното коло Федерер ќе игра против Жереми Шарди, кој го елиминираше Адријан Маранино. 

На женскиот дел од турнирот вечерва во следната рунда минаа и Каролин Вожњацки, која со 2-1 (6:4, 2:6 и 6:3) беше подобра од Алиаксандра Саснович, додека Анџелик Кербер, која ја победи Елена Веснина.