Федерер го надигра Ноле во сите статистички категории и пак - загуби (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата триумфираше на Вимблдон, откако денеска беше подобар со 3-2 во сетови, односно 7-6, 1-6, 7-6, 4-6 и 13-12 против Роџер Федерер, иако статистички Швајцарецот го надигра Србинот.

Федерер беше подобар од Србинот во сите статистички категории, а притоа освои и повеќе гемови, но ниту тоа не му помогна да ја освои својата деветта титула на Вимблдон.