Федерер обезбеди полуфинале на завршниот Мастерс

Роже Федерер го победи Александар Зверев во три сета за да обезбеди полуфинале на завршниот Мастерс во Лондон, по денешниот меч во кој Швајцарецот во третиот сет го прегази младиот Германец не оставајќи му ни малку надеж за победа.

Федерер стигна до освојување на првиот сет дури во тајбрејкот, откако двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис во 12-те гема, па во разигрувањето со мини-брејк и по 14 поени стигна да го освои сетот (8-6). Зверев во вториот сет набрзина изгуби свој сервис, па успеа да се врати во мечот и кога сите очекуваа нов тајбрејк, успеа во 12-от гем да стигне до израмнување на мечот.

Но, тој само на кратко ја одложи промоцијата во полуфиналето на Швајцарецот, па Федерер доминантно пропуштајќи му само еден гем на младиот противник, стигна до втора победа во групата и место меѓу најдобрите четири.