Федерер без загубен сет стигна до полуфинале во Индијан Велс

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер успеа да се пласира во полуфиналето на Индијан Велс, откако го совлада Хуберт Хурчак од Полска со 2-0 во сетови.

Петкратниот шампион на Индијан Велс со 6-4 и 6-4 славеше против Полјакот, па така ја продолжи одличната серија, зашто нема загубен сет, а во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Рафаел Надал и Карен Качанов.

Доколку се сретнат во полуфиналето, тоа ќе биде прв дуел на Надал и Федерер уште од 2017 година.