Европа подобра од Светот: Зверев го обезбеди триумфот на „Лејвер Купот“

Втора година по ред Александар Зверев ја обезбедува победата за тимот „Европа“ на „Лејвер Купот“ против тимот на „Светот“. 

Германскиот тенисер го победи Милош Раониќ со 6-4, 3-6 и 10-4 во последниот меч од турнирот со кој на својот тим му ја донесе титулата со вкупно 13-11. Во сингл денеска Роџер Федерер го совлада Џон Изнер со 6-4 и 7-6, додека Американецот Телјор Фриц беше подобар од Доминик Тим со 7-5, 6-7 и 10-5.

Во двојки, тимот на „Светот“ составен од Џон Изнер и Џек Сок го победи европскиот состав со Роџер Федерер и Стефанос Циципас со 5-7, 6-4 и 10-8.

Ова е трета титула за европјаните на третото издание на „Лејвер Купот“.