Енди Мареј ќе оди на нова операција на колкот

Енди Мареј доживеа елиминација уште во првото коло на Австралија опен, но тоа до некаде беше очекувано со оглед на проблемите со повредата на колкото на Британецот. 

Тој уште пред грен слемот на прес-конференција најави дека оваа година веројатно за последен пат ќе игра на Австралија опен и дека планира да се пензионира од тенисот поради проблемите со повредата. 

Мареј сега дефинитивно нема да настапи ниту на турнирот во Марсеј, каде беше предвидено да игра. Во соопштение од организаторите на турнирот се вели дека Британецот нема да биде во можност да игра поради тоа што ќе оди на нова операција на колкот.

Успешноста на операцијата и рехабилитацијата, веројатно ќе покажат дали има шанси Мареј да ја продолжи тениската кариера или ќе мора во принудна пензиј.