Една од најубавите светски тенисерки заминува во пензија по Австралија опен
Војзнијацки одлуката да оди во пензија ја објави преку социјалните мрежи, експресно откако истото го кажа во интервју на во шоуто на АБЦ, „Добро утро Америка“.
„Тенис играм од 15 години и за овие 15 години ги проживеав најубавите моменти во својот живот. Освоив 30 трофеи, 71 недела бев прва на ранг-листата на ВТА, освоив ВТА-финале, трипати бев на Олимписките игри, го носев знамето на Данска, го освоив Австралија опен во 2018...Постигнав сè што можев. Секогаш си велев дека кога ќе дојде времето, постојат и други работи надвор од тенисот, што сакам да ги направам, а тоа време дојде. Сфатив во последно време дека многу повеќе работи сакам во животот надвор од терените, а свадбата со Дејвид беше една од моите цели, како и проширување на семејството. Затоа после Австралија опен решив да се повлечам од тенисот“, објави Вознијацки.