Ѕвезда на Барселона организира тениски турнир, а наградата е – 10 милиони долари!

Кинеската инвестициска група „Космос“, која ја создаде играчот на Барселона, Жерар Пике планира да организира нов тениски турнир.

„Телеграф“ пишува дека „Космос“ планира во иднина да создаде ново натпреварување во кое ќе учествуваат 64 тенисери.

Станува збор а турнир, кој ќе биде игран во првата недела по Ју-Ес опен, а иако не е позната локацијата, јасно е дека на новиот турнир нема да се доделуваат бодови и победникот ќе го добие наградниот фонд на турнирот, а истиот би требало да изнесува 10 милиони долари.

Нема многу детали, но претседателот на Меѓународната тениска федерација, Дејвид Хагерти, кажа дека им се допаѓа идејата на „Космос“.

„Голем дел од донацијата на Космос ќе биде вложена во трансформацијата на Дејвис купот. Постои голема инвестиција за развој на националните асоцијации за тенис во колички. Остатокот ќе биде вложен во два нови проекти – во април ќе биде одиграно ново тимско натпреварување, додека во септември ќе има турнир на кој победникот ќе го освои целиот награден фонд“, кажа Хагерти.

Меѓутоа, информации за новиот настан почнаа да се појавуваат во момент кога се игра Лејвер купот, кој го организираат Роџер Федерер и Род Лејвер, па постои можност за проблем со терминот на одигрување.

„Добра работа во целата ситуација е тоа што сите мора да седнат и да разговараат што ќе прават во иднина. Вистина е дека наредната недела може да биде многу интересна“, кажа Федерер во текот на последниот гренслем турнир во Њујорк.