Драма на мечот на Ѓоковиќ: Ѝ се слоши на една навивачка (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ во првото коло од Вимблдон игра против Кореецот Сунву Квон, а при резултато 6-3 и 0-1 мечот беше прекинат поради инцидент на трибините.

Српскиот тенисер ја прекина играта, откако забележа дека на еден навивачка ѝ се слошило, по што мораше да интервенира медицинска екипа.

Откако ѝ помогнаа и ја изнесоа од трибините, следеше аплауз од навивачите, како и продолжение на натпреварот.