Долг е патот до врвот: Мареј загуби на стартот во Синсинати!

Поранешниот најдобар тенисер во светот Енди Мареј го заврши своето учество уште на стартот на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати бидејќи од него подобар беше Французинот Лука Пује со 6-1, 1-6 и 6-4.

Мареј е далеку од својата препознатлива форма, па лошата игра на втор сервис го реши натпреварот. Во првиот сет играше катастрофално (6-1), но во вториот врати со иста мера (1-6), но во последниот решавачки сет немаше повеќе сила.

Енди во моментов е 375. тенисер во светот, првпат од 2007. година испадна на стартот на Синсинати (тогаш тоа му се случи од Багдатис), додека Пуј одигра еден од најдобрите натпревари во последните пет месеци.