Димитров си „ќари“ руска милијардерка која за еден ден троши – 25 милиони евра!

Бугарскиот тенисер дефинитивно го оправдува епитетот најголем заводник меѓу тенисерите, па по врските со Марија Шарапова и Никол Шерцингер, сега има љубовна афера со руската милијардерка, Лолита Османова.

Станува збор за 25-годишна ќерка на рускиот олигарх Елдар Османов, кој е на листата на Форбс на која се наоѓаат стоте најбогати луѓе во светот. Лолита веќе има еден кус брак зад себе и тоа за богаташот Гаспар Авдољан и тоа со венчавка што е оцената како една од најгламурозните на сите времиња. Таа за тој еден ден потрошила дури 25 милиони долари, а настанот се одржал во Лос Анџелес и тоа во салата каде што традиционално се одржуваат оскарите.