Дел Потро против Федерер во големото финале во Индијан Велс

Хуан Мартин Дел Потро е вториот патник во финалето на турнирот од Мастерс 1000 серијата во Индијан Велс, откако го победи Милош Раониќ со 2-6 и 3-6.

Дел Потро покажа дека има повеќе квалитет и искуство од помладиот колега, па успеа да му го одземе два пати сервисот во првиот сет и истиот да го освои со 2-6.

Во вториот сет нешто слична ситуација, па Аргентинецот повторно со два брејка стигна до 3-6 и пласман во големото финале, каде што ќе се соочи со Роџер Федерер.