Дел Потро повторно се повреди: Ова е тежок момент и многу сум тажен!

Екипата на Хуан Мартин Дел Потро соопшти дека аргентинскиот тенисер го повредил десното колено на Мастерсот во Шангај.

Дел Потро во четвртокот во осминафиналето против Борна Чориќ падна и се повреди, по што мораше да го предаде натпреварот.

Аргентинецот имаше многу проблеми со повреди во кариерата, а сезонава му беше една од најдобрите.

„Ова е тежок момент и многу сум тажен. Ова беше силен удар кој ме остави без сила. Тешко ми е повторно да мислам на рехабилитација, ова не го очекував“, кажа Дел потро.