Дејвис Купот годинава наместо една недела во Мадрид ќе се игра 11 дена во – три града!

Иако првичниот план за тенискиот Дејвис Куп во оваа година беше да се игра една седмица и тоа во шпанската престолнина Мадрид, сепак ќе има промена, па дуелот на репрезентациите ќе се игра цели 11 дена и тоа во три градови.

Интернационалната тениска федерација (ИТФ) објави дека првичниот план е променет, па сега Дејвис Купот ќе се игра од 25 ноември до 5 декември, наместо од 22 до 28 ноември и дека нема да се игра само во Мадрид, а во моментов се бараат другите две локации кои ќе организираат мечеви од групите, но и од четвртфиналињата.

Мадрид останува да биде домаќин на две од четирите групи, потоа на две четвртфиналиња, како и на полуфиналињата и финалето. Двата европски градови кои веројатно наскоро ќе бидат објавени ќе организираат по едно четвртфинале, како и по еддна група.

Инаку за следното издание на Дејвис Купот догодина ќе се намали бројот на земји учесници од сегашните 18 на 16. Овие промени ги предложи Космос Тенис, партнерот на ИТФ, кој го направи реструктиурањето на ова натпреварување и во следните 25 години ќе вложи три милијарди евра.

„Ова натпреварување доживува промени зашто е невозможно после АТП финалето во седум дека да се организира, па промените се да го направат уште подобро. Сакаме да го направиме натпреварувањето подобро за играчите, за навивачите, а и за екипите“, рекоа од ИТФ.

Во првото издание на новиот Дејвис Куп во 2019, Шпанија го освои трофејот со триумфот против Канада.