Црногорците се ситат: Сега сме уште погорди сме што не дозволивме Ѓоковиќ да гостува

Црна Гора која беше планирана да биде дел од „Адрија Тур“, тенискиот спектакл во организација на Новак Ѓоковиќ со хуманитарен карактер, не дозволи одржување на овој спектакл поради лошата епидемиолошка слика со коронавирусот во Србија.

Црна Гора не дозволи одигрување на турнирот, а сè започна откако оваа земја не дозволи ни влез на српски државјани поради лоша ситуација со коронавирусот, што Србија го окарактеризира како политички чин во ужасно лошите односи околу СПЦ и имотот на црквите кои сака Црна Гора да ги конфискува.

Но, откако коронавирусот се појави на „Адрија Тур“, па прво се зарази Григор Димитров, а потоа уште низа други тенисери и заврши со позитивен наод на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, сега од Подгорица се ситат и посочуваат колку била нивната одлука да не се дозволи ваков турнир исправна.

Премиерот Душко Марковиќ посочил дека одлуката се базирала исклучиво поради здравствени причини, ама некој сакал да го искористи тоа за политички цели и кампањи.

„Сè и сешто се пишуваше, излегуваа секакви глупости на Фејсбук, многумина се правена ' паметни', се ширеше омраза за Црна Гора, дека сме направиле грешка, дека сме имале задни намери...Ама сето тоа не беше вистина, а и сега се потврди дека сме биле во право. Ние се водевме само по препораките на националниот координативен центар, не попуштивме пред никој, па ни пред најголемите светски спортски имиња. Горди сме што донесовме таква одлука тогаш, зашто се покажа дека сме биле во право. И сето тоа беше само поради заштита на здравјето на граѓаните. Ништо повеќе. Инаку ние имаме само најдобро мислење и им одаваме почит на сите тие што сакаа да го организираат турнирот“, рекол Марковиќ.