Циципас од дебитант до шампион во Лондон (ВИДЕО)

Стефанос Циципас е освојувач на завршниот мастерс турнир во Лондон, откако во големото финале вечерва во „О2 арената“ го совлада Доминик Тим. 

Младиот грчки тенисер до победата дојде по три исцрпувачки сетови, односно меч што траеше 2 часа и 37 минути. Првиот сет го доби Австриецот и тоа во тај-брејкот со 8:6. Цицпас одигра маестрално во вториот сет, што го доби со 6-2 за да израмни на 1-1. Во решавачкиот сет повторно се играше тај-брејк, а овој пат Гркот беше подобар со 7:4.

Тој стана првиот грчки тенисер во историјата што го освоил завршниот мастерс, а воедно ова за него беше деби настап на турнирот на најдобрите во годината. За него ова е вкупно четврта титула во кариерата и дефинитивно најголемата.