Циципас немаше сила за сензација, Надал е шампион на Торонто!

Рафаел Надал без поголеми проблеми успеа да го совлада Стефанос Циципас со 6-2 и 6-4 и така го освои трофејот во Торонто по еден час и минути игра.

Најголемата сензација на турнирот немаше сила против моќниот Шпанец, а тоа го покажа уште на самиот почеток, откако Надал направи два брејка во првиот сет, па стигна до 6-2.

Ниту вториот сет не го отвори најдобро Циципас, па веднаш го загуби својот сервис, а потоа Надал продолжи со сигурна игра на свој сервис до деветтиот гем, кога Гркот направи брејк и израмни на 5-5.

Во продолжение Циципас заигра малку подобро, но не успеа во тај-брејкот да направи пресврт, па загуби со 7-6.