Чилиќ сам се победи, Зверев славеше во два тај-брејка

Германскиот тенисер Александар Зверев со победа го отвори Завршниот мастерс во групата А.

Зверев го совлада Хрватот Марин Чилиќ по два тај-брејка со 7-6(5) и 7-6(1). И двајцата тенисери многу грешеа, но особено Чилиќ кого никако не го служеше форхендот.

По двочасовна битка, Зверев е секако многу позадоволен бидејќи во двата сета имаше по еден брејк негатива, но Чилиќ со несфатливи грешки буквално го враќаше ривалот во игра.

Хрватот во голема мера си пресуди самиот на себеси, бидејќи во две ситуации пропушти да бара „челинџ“ за да ги смени погрешните судиски одлуки, кои можеби ќе го свртеа мечот во негова корист.

Во вториот натпревар од оваа група, со почеток од 21 часот се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер.