Чилиќ: Ептен сум блиску до Ѓоковиќ, Федерер и Надал!

Иако оваа сезона за Марин Чилиќ заврши пред еден месец, најдобриот хрватски тенисер веќе се подготвува за првиот турнир следната сезона коj се игра во Перу.

Чилиќ имаше променлива сезона во 2018 година. Тргна феноменално со пласманот во финалето на првиот Грендслем во годината во Австралија, во кое загуби од Роџер Федерер воп ет сета. Во еден момент беше и трет рекет на светот, а УС Опен не играше најдобро, па загуби доста натпревари.

Сепак, во финалето на Дејвис купот го покажа сиот свој раскошен талент, двапати лесно победи и така беше најзаслужен за втората титула во историјата на Хрватска во Дејвис купот.

Најдобриот хрватски тенисер ја најави новата сезона во разговор за италијанските медиуми, а порача и дека се чувствува подготвено за напад на големата тројка на светскиот тенис.

„Верувам дека сум подготвен. Имам 30 години и на врвот сум. А, покрај тоа можам да напредувам. Тие тројца се одлични, но мала е разликата помеѓу нас. Не се плашам од никого“, изјави Чилиќ.