Чилиќ го шокираше петтиот носител Рубљов на Мелбурн

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ направи пријатно изненадување во третото коло на Австралијан опен, откако го совлада петтиот носител на турнирот, Андреј Рубљов со 3-1 во сетови, односно 7-5, 7-6, 3-6 и 6-3.

Финалистот во Мелбурн од 2018 година во добар дел од натпреварот потсети на своите најдобри денови, а посебно беше одличен на вториот сет на Рубљов и со голема борба ги освои првите два сета со 7-5 и 7-6.

Хрватот го загуби третиот сет со 3-6, по што се врати надежта кај Рубљов за пресврт, но Чилиќ не му дозволи да го реализира неговиот план и успеа со 6-3 да го добие последниот сет.

За пласман во четвртфинале, Чилиќ ќе се бори против Феликс Оже-Алијасим, кој загуби само шест гемови од Еванс во претходниот натпревар.