Беше светски рекет број 1, а сега ја избришаа од ВТА-листата

Јелена Јанковиќ од понеделникот е избришана од ВТА ранг-листата. Српската тенисерка нема одиграно натпревар една година и веќе нема ранкинг-поени. 

Таа последен пат играше на Ју-Ес Опен минатата година и загуби во првото коло од Петра Квитова. Се повлече од натпреварите пореди серија повреди и никако да се врати на терените.

Иако се шпекулира дека таа веќе е во пензија, но засега официјално тенисерката се нема изјаснето околу завршување на кариерата. Интересно е тоа што Јанковиќ своевремено беше прва на ранг-листата и тоа пред 10 години. Во својата кариера има освоено 19 трофеи и инкасираше околу 19 милиони долари.

Најголем нејзин успех е финалето на Ју-Ес Опен во 2008 година.