Беше најдобар во светот, а сега мора да игра квалификации за Ролан Гарос

Енди Мареј во моментов се наоѓа на 121. позиција на АТП-листата и се подготвува за својот прв турнир на земјен терен. Сепак, тој не доби покана за настап во главниот дел од гренслем-турнирот Ролан Гарос, туку ќе мора да игра квалификации.

Мареј се пријави за квалификацискиот турнир, кој е зкаажан за 23 мај, па ќе се обиде да избори пласман во главниот дел од Ролан Гарос.

Во 2016 година Мареј играше во финале на Ролан Гарос против Новак Ѓоковиќ, но загуби од Србинот, а веќе долго време има проблеми кои правеше долга пауза и загуби многу позиции на АТП-листата.