Беретини испиша нова историја за Италија во Лондон

Матеро Беретини го совлада Доминик Тим во 3.коло во групата „Бјорн Борг“ на завршниот мастерс турнир во Лондон. Со ова тој стана првиот Италијанец што остварил победа на последниот сезонски турнир. 

Беретини до триумфот дојде во два сета со 7-6 и 6-3, против Австриецот кој од претходно го имаше обезбедно пласманот во полуфиналето по победите над Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. И покрај победата младиот Италијанец нема шанси за прогрес во полуфиналето.

Таму на Тим ќе му се приклучи подобриот од вечерашната пресметка помеѓу Ѓоковиќ и Федерер.