Бекер застана во одбрана на Ѓоковиќ: Зошто Ноле секогаш е „лошо момче“?

Борис Бекер реши повторно да застане во одбрана на Новак Ѓоковиќ, кој не успеа да го освои и четвртиот гренслем-трофеј годинава, а неговиот поранешен тренер реши да застане во одбрана на Србинот.

Бекер беше гостин во „Еуроспорт“, каде што зборуваше за Ју-Ес опен и поразот на Ѓоковиќ во финалето од Данил Медведев.

„Го знам Ѓоковиќ како личност и како професионалец и можам да му кажам - секоја чест. Тој е одлично момче и голем натпреварувач. Јавноста мора да се навикне на фактот дека постојат три големи тенисери. Не е прифатливо Ноле секогаш да е лошо момче, а Федерер и Надал да се добри. Никогаш не сум го видел Ѓоковиќ да плаче на тениски терен. Мора да ја надмина неговата емоционална граница со сите очекувања за гренслем-турнирот. Тоа го болеше, а неговиот говор по финалето беше перфектен“, вели Бекер.