Бекер застана во одбрана на Ѓоковиќ: Критиките се неправедни

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ и освојувач на шест гренслем-титули, Борис Бекер застана во одбрана на најдобриот тенисер во светот.

Бекер го изнервираа критиките кон српскиот тенисер од Англија, па тој мораше да им одговори.

„Морам да го бранам Ѓоковиќ. Мислам дека критиките кои ги добива се неправедни. Забавата во ноќниот клуб и кошарката не им беа потребни, но и јас некогаш имав 30 години и сакав да уживам аедно со пријателите. Ги разбирам тие искушенија. Но, мислам дека турнирот беше направен од хуманитарна причина и затоа се надевам дека сите тенисери ќе оздрават“, кажа бекер.