Бекер прогласен за виновен за затајување на имот во случајот со банкротот пред пет години!

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер прогласен е за виновен за четири од вкупно 24-те точки за обвинението со кое го прекршил законот за несолвентност и прикривал имот кога прогласил банкрот во 2017 година.

Бекер е прогласен за виновен по обвиненијата кои се однесуваат за одземање на имот, криење на имот и прикривање на долг, откако Германецот на 21 јуни 2017 година прогласил банкрот зашто не можел да отплати кредит кој го подигнал од три милиони фунти.

Обвинет е дека прикривал имот вреден милиони фунти, вклучително и два трофеи од Вимблдон, сѐ со цел да избегне да го исплати кредитот и долгот кој го имал. Бекер се бранеше дека соработувал со управниците кои го воделе случајот и дека делувал по совет на стручњаци од таа област.

Германецот на крајот на месецов, на 29 април, ќе ја дознае пресудата после четирите точки по кои е прогласен за виновен, а му се заканува затворска казна.

Инаку за други 20 точки од целото обвинение беше ослободен.