Бекер ја откри тајната зошто Ѓоковиќ им бил љубоморен на Федерер и Надал

Германската тениска легенда Борис Бекер, кој три години му беше тренер на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, првпат ја откри тајната зошто Србинот во еден поголем дел од кариерата им бил љубоморен на своите двајца најголеми ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Бекер му беше тренер на Ѓоковиќ од 2013 до 2016 година, а сега тврди дека Србинот на своите ривали им бил љубоморен зошто биле – попопуларни од него.

„Новак има милиони обожаватели низ светот, многу е популарен, ама зборуваме за двајца кои не само што се меѓу најуспешните тенисери, туку и меѓу најуспешните спортисти на светот. Сега многу не му е гајле на Ноле, ама порамно многу беше љубоморен што Федерер и Надал се попоуларни од него“, вели Бекер.