Барти остана на прво место на ВТА, Халеп напредуваше до четврта позиција

Ешли Барти остана на лидерската позиција и покрај поразот во осминафиналето на Вимблдон, додека напредок на најновата ВТА-листа забележа Симона Халеп, шампионката од гренслем-турнирот.

Барти остана на лидерската позиција со 6.605 бодови, а по неа следуваат Наоми Осака со 6.257 бода и Каролина Плишкова со 6.055.

Халеп напредуваше на најновата листа за три позиции, откако во претходните две недели освои 1.870 бодови и сега е четврта тенисерка во светот, додека Кики Бертенс е петтопласирана.

Во топ-10 се наоѓаат уште Петра Квитова, Елина Свитолина, Слоун Стивенс, Серена Вилијамс и Арина Сабаленка.