Австралијан опен ќе се игра на два континента!?

Австралијан опен според најновите информации би требало да почне на 1 февруари, а се појави идеја тој да биде одржан на два континента.

Најпрво беше договорено цел турнир да се одржи во Мелбурн, но поради мерките во тој случај тенисерите треба да стигнат пред 8 јануари, со цел да престојуваат во 12-дневен карантин.

Затоа се појави идеја и можност турнирот да се игра во две држави, односно квалификациите во една, а главната ждрепка во Мелбурн.

Како потенцијални локации за одигрување на првиот дел се споменуваат Доха, Дубаи и Сингапур, но засега нема повеќе детали.