Американска тенисерка замина на стоматолог, а тој ѝ открил - рак!

Американската тенисерка Никол Гибс беше шокирана, откако заминала на еден редовен преглед кај стоматологот.

По прегледот на стоматологот, тој ѝ кажал дека има редок вид на рак. Односно, станува збор за израсток, кој по биопсијата покажал дека е рак.

Гибс за неколку дена оди на операција, а прогнозите се добри и за среќа оваа болест била откриена што е можно порано.

„Морам да се повлечам од неколку турнири сезонава, поради тоа што ми открија рак. За среќа овој вид не е опасен и докторите сметаат дека операцијата ќе го реши. Сепак, за да ги смирам фановиве, морам да ви кажам дека ќе играм на Вимблдон“, порача Американката.