Ако сакате да се дружите со Ѓоковиќ на Вимблдон, ќе треба да платите - 100.000 фунти

Тенисот е познат како еден од најскапите спортови на денешницата, а тоа го потврдува и фактот што на еден од најпрестижните тениски турнир, „Вимлдон“ најскапите карти ќе чинат 100.000 фунти.

Билетите од 100.000 фунти ќе имаат важност од пет години, а и покрај таквата цена, раководните луѓе на грен-слемот, се убедени дека ќе бидат најбарани. Со „луксузниот“ билет се добиваат најактративните седишта, а по завршувањето на натпреварот може да се упатите во  подтрибинскиот простор каде може да се дружите со тениските ѕвезди или пак други влијателни личности.

„Ова ќе биде најбараниот билет во светот, уверени сме во тоа. Го гарантира најдоброто место на трибините, а со нив исто такаж можете да влезете во „бек-стејџот“ на овој Грен Слем, што досега мал број на фанови ја имаа таа привилегија“, велат од Вимлдон

Најскапиот билет во историјата на спортот ќе биде продаван во 2050 примероци.