Ако не ти помогнат советите од Федерер и Надал, тогаш не те бива (ВИДЕО)

Во тек е првиот натпреварувачки ден на „Лејвер Купот“, а Роџер Федерер и Рафаел Надал ја имаа улогата на тренери на тимот Европа и се обидуваа да му дадат совети на Фабио Фоњини. 

Италијанецот е познат по нервозните реакции, па првиот совет на Федерер беше, „без негативности“. Иако доби инструкции од двајцата легендарни тенисери, Фоњини сепак загуби во два сета од Џек Сок со 6-1 и 7-6.