Ако мислите дека Македонците колнат лошо - видете што доби Џумхур во порака

Босанскиот тенисер Дамир Џумхур беше поразен од Гаел Монфилс на тенискиот турнир во Ротердам, Холандија. Поразот на Џумхур, на еден Босанец љубител на обложувањето го чинело добивка од 1500 евра, па се решил со најстрашните „пцовки“ да му се пушти на Џумхур. 

Социјалната мрежа „Инстаграм“ е место каде што може да се обратите до било која личност, па таму видно изреволтираниот Босанец го нападнал Џумхур, а тенисерот сето тоа го објави во јавноста, погледнете ги „страшните“ пораки.