„Адрија Тур“ е откажан: Нема да се одржи во БиХ!

Откако беше објавена информацијата дека првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ заедно со сопругата Јелена се позитивни на Ковид-19, „Адрија Тур“ беше откажан.

Натпреварувањето требаше да продолжи во Бања Лука на 3 и 4 јули, но тоа нема да се случи поради новата ситуација со вирусот.

Исто така, откажан е натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Дамир Џумхур, кој беше планиран за 5 јули во Сараево по состанокот на сите членови на Организацискиот одбор на „Адрија Тур“.

„Жал ни е што мора да ги прекинеме сите турнири во Бања Лука и Сараево. Се радувавме дека публиката конечно ќе ги види тениските мајстори на теренот, но сега е најважно да се смири епидемиолошката ситуација, но и сите да оздрават. Им благодариме на сите учесници кои во претходните денови напорно тренираа. Сакаме да ги известиме дека нашата идеја ќе ја реализираме целосно, но кога ќе има услови за такво нешто“, соопштија организаторите.