Трагедија во Канада - загина 35-годишен скијач на тренинг

Францускиот скијач Давид Поисон го загуби својот живот, откако им подлегна на повредите кои ги заработи во Накиска, Канада, за време на еден од тренинзите.

Французинот со хеликоптер бил пренесен до најбилската болница, но брзо по пристигнувањето на брзата помош, тој го загубил својот живот.

Поисон го освои бронзениот медал во спуст во 2013 година, а во ланската сезона славеше во Кицбил, Австрија, во спуст.