Швајцарски скијач заврши во болница по страшен пад при брзина од 120 км/ч (ВИДЕО)

Најдобрите скијачи денеска во Вал Гардена имаат спуст, но за жал трката остана во сенка на еден ужасен пад на Марк Гисин.

Гисин на патеката во Вал Гардена доживеа тежок пад, по што остана да лежи без свет, па набрзо интервенираше медицинската екипа.

По неколку моменти на патеката се појави и хеликоптер, кој го пренесе несреќниот Гисин во болница.

Засега нема информација за неговата состојба, но падот на швајцарскиот скијач не изгледаше наивно. Инаку, Гисин се движеше со брзина од 120 км/ч пред да падне.