Шифрин освои Кристален глобус и во супервелеслалом!

Микаела Шифрин е победничка во Светскиот куп во супервелеслалом, откако во финалето во Андора го освои четвртото место, што беше доволно да ја зачува првата позиција во генералниот пласман.

Со 350 бодови, Американката триумфираше пред Никол Шмидхофер, која собра 303 бодови, а третопласирана беше Тина Вајратер со 268 бодови.

Победничката на последниот супервелеслалом во сезоната беше Германката, Викторија Ребенсбург, додекеа зад неа завршина Тина Типле и Федерика Брињоне, а Шифрин и Шмидхофер го поделија четвртото место.

За Американката ова е седми мал Кристален глобус (шест има во слалом и ова е прв во супервелелалом).