Шифрин четврти пат по ред освои злато во слалом (ВИДЕО)

Американката Микаела Шифрин освои златен медал во слалом на Светското првенство во Оре, Шведска и испиша историја.

До големиот успех и четвртото злато во серија во дисциплината Шифрин стигна со време 1:57.05. По првото возење лидер беше Венди Холденер пред Ана Свен Ларсон и пред Шифрин.

Холденер направи голема грешка во второто возење и испадна од трката за медалата, а Ларсон освои сребрен медал, додека Петра Влхова освои бронза.

Светско првенство во скијање, слалом:

1. Микаела Шифрин 1:57.05
2. Ана Свен Ларсон +0,58
3. Петра Влхова +1,03
4. Катрина Линсбергер +1,43