Сензација: Хрватот Зубчиќ со прв триумф по неверојатното второ возење (ВИДЕО)

Хрватскиот скијач Филип Збучиќ триумфираше на трката во велеслалом што се одржа утринава во Јапонија во Ниигата Јузава Наеба во рамки на Светскиот куп. 

Ова е прва победа во кариерата на Хрватот, а уште поимпресивен е начинот на кој дојде до неа. По првата трка Зубчиќ беше на 12-тото место со време од 1:18,21 минути, но затоа беше фантастичен во второто возење и со вкупно време од 2:37,25 минути дојде до првото скалило на победничкиот подиум.

Втор беше Марко Одермат од Швајцарија со задоцнување од 74 стотинки, а трет финишираше Американецот Томи Форд.  

Во велеслалом води Жан Крањец од Словенија со 344 бодови, втор е Хенрик Криштоферсен од Норвешка, кој денеска финишираше како петти со 334 бодови. Во генералниот поредок, води Норвежанецот Александер Амод Килде со 1.022 бода, пред својот сонародник Криштоферсен со 948 бодови, трет е Алексис Пантуро со 898 бодови.