Седум македонски скијачи се појавија во Оберсдорф, но никој не се пласираше на главните трки

Македонија денеска имаше седум претставници на Светското првенство (СП) во нордиско скијање во Оберсдорф, од кои четири во машка конкуренција на 10 км слободен стил и три во женска конкуренција на 5 км слободен стил, но ниту еден од нив не се пласираше на главната трка.

Ниту еден од нашите скијачи не успеа да се пласира меѓу најдобрите 10 во квалификациите, кои се пласираа на главните трки, а најдобра наша претставничка беше Ана Цветановска, која го освои 17. место.

Кај другите дами од Македонија, Михаела Даноска заврши на 25. позиција, а Евгенија Здравевска на 37. место во квалификациите.

Во машка конкуренција Дејвид Величковски заврши на 53. позиција, а две места под него беше Дарко Крстески, 59. беше Андонаки Костоски, а Никола Костоски заврши на 74. позиција.

Утре ќе се натпреваруваат и Ставре Јада и Никола Костоски во спринт на 1,4 км.