Откажан денешниот спуст во Кицбил: Условите за скијање се преопасни

Беат Фојц вчера славеше на првиот спуст во Кицбил, но денешната трка во истата дисциплина во австрискиот ски-центар е откажана. 

Организаторот на трката и челниците на ФИС одлучија дека денеска нема да има натпреварување на опасната патека поради лошите услови. Тие не сакаат да ризикуваат повреди на скијачите, како што тоа се случи вчера, кога двајца имаа тешки излетувања.

Трката првично е презакажана за утре, но конечната одлука ќе биде донесена во утринските часови и ќе се одржи само ако временските услови дозволат такво нешто.