Олимписката шампионка му кажа збогум на скијањето: Имам бројни причини за тоа

Двократната шампионка во Светскиот скијачки куп (2014, 2015) и олимписки победник во Супер-џи во Сочи во 2014 година, Австријката Ана Вит, во саботата објави дека ја завршува кариерата на 30-годишна возраст.

Ана Вит, родена Фенингер, во текот на кариерата оствари 15 победи во Светскиот куп, а последна во Супер-џи и беше во Вал Д'Изер во декември 2018 година. Покрај златото од супервелеслалом, таа има и два олимписки сребрени медали, во велеслалом во 2014 година и Супер-џи во 2018 година, како и три титули од Светските првенства, во 2011 година во комбинација и во 2015 година во велеслалом и Супер-џи.

Заминувам поради бројни мали причини, па затоа е тешко да се каже главната, истакна Вит.