Норвежанецот Кристоферсен е нов светски шампион во велеслалом!

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е нов светски шампион во велеслалом, откако доминираше на денешната трка во Оре, Шведска.

За 24-годишниот скијач ова е прв трофеј по пласманот на четвртото место на претходните две Светски првенства.Тој конечно излезе од сенката на Австриецот Марсел Хиршер, кој е седумкратен победник во Светскиот куп.

Кристоферсен беше трет по првото возење зад Алексис Пинтуро и Хиршер, но блескаше во втората трка па на крајот триумфира со предност од 20 стотинки пред големиот австриски ривал. Пинтуро, пак, не успеа да ја задржи лидерската позиција и на крајот мораше да се задоволи со бронзениот медал.