Матје Февр со импресивна победа во Банско во велеслалом

Матјер Февр триумфираше на велеслаломската трка во рамки на Светскиот куп во алпско скијање што се одржа денеска во Банско, Бугарија. 

Французинот имаше импресивен настап, бидејќи беше најбрз во двете трки и до победата дојде со вкупно време од 2:25,29 минути. Со 75 стотинки задоцнување втор финишираше Швајцарецот Марко Одермат, додека Алексис Пантуро од Франција беше трет. 

Пантуро го задржа водството во генералниот пласман со 1.034 бодови, а исто така лидер е и во велеслалом со 550 бодови. Во двете конкуренции го следи Марко Одермат со 824, односно 525 бодови.