Лара Гут-Бехрами ја освои титулата во супер-џи по трет пат во кариерата

Федерика Брињоне денеска победа на трката во супер-џи во Вал ди Фаса, но најмногу се радуваше Лара Гут-Бехрами. 

Швајцарката со второто место на денешната трка и официјално ја освои титулата во оваа дисциплина на еден натпревар до крајот. Брињоне славеше со време од 1:14,61 минути, додека Гут-Бехрами задоцни 59 стотинки. На подиумот имаше место за уште една Швајцарка, Корин Зутер. 

Гут-Бехрами Кристалниот глобус во супер-џи го освои со 525 бодови, а на трка до крајот има убедлива предност пред Брињоне, која има 323 бодови. Швајцарката води и во генералниот пласман со 1.277 бодови, пред Петра Влхова со 1.040, која денеска финишираше на 32-то место.